Македонскиот прволигаш, екипата на Брера (поранешна Академија Пандев) го претстави новото засилување за следната сезона. Станува збор за фудбалерот Стефан Наумчески.
Како што објавија на својот Фејсбук профил, Брера и Наумчески потпишале соработка за две години.
„Пред стартот на подготовките за новата првенствена сезона ФК Академија Пандев го ангажираше фудбалерот Стефан Наумчески. Со него нашиот клуб потпиша договор за две години. Станува збор за 23 годишен дефанизвен играч за врска, кој изминатата сезона настапуваше за ГФК Тиквеш од Кавадарци. Во својата кариера Стефан има играно и за Варадар Металург, Победа. Наумчевски беше дел и од младинските репрезентации на Македонија.
Му посакуваме добредојде на Стефан и многу успеси во нашиот дрес!“
Филип Василевски