Младинската женска репрезентација на Македонија на турнирот „Четири Нации“ загуби од домашната репрезентацијата на Унгарија со убедливи 44:18.
Унгарките започна силно и не им дозволија на нашите ракометарки да постигнат. Првиот гол за Македонија беше постигнат во 12-тата минута, откако Унгарија веќе имаше предност од 10-0. Унгарија постојано ја зголемуваше разликата и во 20-тата минута имаше предност од +17. На полувреме резултатот беше 27:3 во корист на домашната репрезентација.
Македонската репрезентација успеа да постигне само три погодоци во првото полувреме, два гола постигна Сара Стефановска, а еден Борјана Коцева.
Така второто полувреме, беше само чиста формалност иако македонските репрезентативки го започнаа подобро и се обидуваа да ја намалат разликата, но без успешно.
Домаќините, пак, ја зголемуваа предноста, па во 45-тата минута имаа водство од +25 (35:10). Македонија немаше никакви шанси ни во второто полувреме. Крајниот резултат беше 44:18 за Унгарките во чии редови најефикасна беше Доротеа Молнар со шест голови колку што за македонската репрезентација постигна Сара Стефановска, додека Ива Младеноста беше стрелец на 4 гола.
Избраничките на селекторката Јулијана Дамческа, Утре од 17 часот нашите младинки ќе играат против Холандија, а во сабота од 12 часот закажан е дуелот против Американките
Овие натпревари се дел од подготовките за Европското првенство што ќе се одржи во Романија, на на кое Македонија ќе игра во Д групата во која за противнички ќе ги има селекциите на Данска, Црна Гора и Чешка.
Ивона Кимовска