На вториот ден на натпревари на Европските игри што се одржуваат во Краков, Полска, свој настап ќе има нашиот адут за највисок пласман, каратистот Емил Павлов.

Штипјанецот кој настапува во категоријата -67 кој многупати нé израдувал со медали, со борбата против домашниот претставник Милош Сабиецки од Полска го започнува својот пат кон кон освојување на нов медал за Македонија.  Борбата на програмата закажана со почеток во 12:30 часот.

Павлов ќе настапува во група А, во која за противници ќе ги има и Бурак Ујгур од Турција (13:10 ч.) и Романецот, Стеафн Команеску (13:35 часот).