Македонија на крајот заврши на 11 место во Полска
Македонските атлетичари ги завршија настаните на Европското Екипно натпреварување во Полска и со денешните резултати се најдоа на 11 место во вкупниот поредок.
Последниот ден го одбележа националниот рекорд на мешовитата штафета на 4×400, како и неколку лични сезонски остварување во повеќе дисциплини.
Нов национален рекорд постави мешовитата штафетна група на 4×400, каде тимот во состав Михаил Петров, Ана Божиновска, Јован Стојоски и Сара Османовска трчаа со време 3:40.64 минути, доволно за четврта позиција во групата.
Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски настапи на трката на 5000 метри и на крајот го освои 5. место со најдобар резултат сезонава за него – 14:27.66 минути.
Личен сезонски рекорд оствари и Адријана Поп Арсова која трката на 1500метри ја претрча за 4:48.95 минути што беше доволно за 9-то место.
Свој настап, трет пат на овие игри имаше и Јован Стојоски, кој по трката на 400 метри и штафетната трка на 4×100, денеска настапи и на 200 метри. Стојоски истата ја помина за 21.66, што е негово најдобро време оваа сезона, а беше доволно за 8-мо место.
Личен рекорд во фрлање копје, постави Матеја Ефреновска со фрлени 26.29 метри за 10-то место во конечниот пласман.
Уште една атлетичарка ќе го памти денешниот ден. Ана Божиновска истрча личен рекорд 26.03 на 200 метри.
На стазите настапија уште: Огнен Стефановски – скок во височина, 4. место во својата група.
Марјан Нојковски во фрлање ѓуле (13.31 м.) – 11 место, Камелија Кајчевски прескокна 4.97 метри во скок во далечина доволно за 10. место. Во фрлање копје Стефан Стефановски префрли 34.04 метри за 12. место, како и Михаела Лазаровска која во скок во височина прескока 1.60 метри.
На крајот Македонија заврши на 11. место во тимското рангирање со 235 освоени бодови, а како најдобри моменти може да ја издвоиме победата на Андреас Трајковск, како и државен рекорди на штафетите 4×100 и 4×400 мешано.