Bистински дебакл доживеа Македонската фудбалската репрезентација на гостувањето во Англија, каде домаќинот дури седум пати ја затресе нашата мрежа и ни го нанесе највисокиот пораз во историјата, 7:0.
Само 29 минути успеа нашата репрезентација да биде достоен противник на Олд Трафорд, кога Хари Кејн го отвори резултатот.
Потоа следуваше вистинска катастрофа.
До крајот на полувремето Сака во 39-тата и Рашфорд во 45-тата донесоа убедливи 3:0.
Катастрофата продолжи и во вториот дел па Сака со два брзи гола во 47-та и 51-та дојде до својот прв хет-трик во репрезентацијата, а резултати беше веќе убедливи 5:0.
До крајот уште два пати се тресеше мрежата на Димитриевски. Калвин Филипс во 64-тата донесе 6:0, а Хари Кејн од пенал во 72-та ги постави конечните 7:0.
Нашата репрезентација во текот на целиот натпревар ниту еднаш не шутираше кон голот на Англија.
Ова е убедливо највисокиот пораз на Македонија, откако досега највисоки порази беа 6:1 од Чешка и 5:0 од Белгија, Унгарија и Словачка.