Макс Верстапен ја освои својата петта пол-позиција сезонава откако беше најбрз при тешките временски услови на патеката „Жил Вилнев“, каде вечерва ќе се вози трката за Големата награда на Канада.

Верстапен водеше по првите пет минути од првата сесија, време од 1:25,8 пред Хулкенберг и Алонсо, но откако Пјастри заврши во ѕидот на 7 минути и 11 секунди пред истекот на времето, па  квалификациите беа прекинати поради црвено знаме.

Како што дождот продолжи да паѓа, условите се влошува, па возачите немаа шанси да го подобрат своето време.

Така светскиот првак одново ќе ја има пол-позицијата, сега пред Нико Хулкенбер од Хас, а зад нив од третата позиција ќе започне Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Двата Мерцедеси, односно Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе стартуваат од четвртата и петата позиција, а третиот ред ќе го пополни Естебан Окон.

Страдот на канадското Гранд-при е закажан за 22 часот.