Финалето во Ротердам меѓу Шпанија и Хрватска ќе биде 3-тото во Лигата на нации, а кој ќе биде новиот шампион ќе дознаеме вечерва.
Хрватскиот играч, Иван Перишиќ, верува во својот тим и ѝ покрај тешкиот натпревар вели дека е редно оваа генерација да го освои златото.
„Сигурно, ќе биде многу тежок натпревар. Тие отсекогаш имале навистина одлични играчи од средниот ред кои играат во најдобрите клубови во светот. Но, кога ќе го погледнете нашиот среден ред во стартните 11, како и оние што седат на клупата, кои ќе се чешаат да излезат на теренот и да го искористат нивно време, сигурен сум дека нема од што да се плашиме. По Москва во 2018 година, пред нас е уште едно финале и навистина се надевам дека ќе бидеме на нашето врвно ниво во обидот да го освоиме трофејот. Оваа генерација освои бронзени и сребрени медали и се надевам дека ова финале ќе имаме сила да го добиеме она што ни треба – златото“, вели хрватскиот играч, Иван Перишиќ.
Перишиќ за хрватските фанови изјави дека тие им ја даваат силата и се заслужни за успесите на репрезентацијата.
„Хрватските навивачи се неверојатни. Не знам што да кажам. Кога видов 15.000 од нив на загревањето пред натпреварот со Холандија, беше неверојатно и мислам дека во финалето ќе ги има уште повеќе. Не туркаат напред и ни даваат сила“, додаде Перишиќ.
Дуелот меѓу Хрватска и Шпанија на програмата започнува вечерва од 20:45 часот.