Македонските фудбалери со лоша игра во вториот дел им дозволија на Украинците со комплетен пресврт да стигнат до победата, а со тоа и три важни бодови во квалификациите за ЕП 2024-та.

Селекторот на Украина, Сергеј Ребров по натпреварот ги искажа своите видувања.

„Ова беше многу важен и тежок натпревар. Успеавме да ја наметнеме нашата игра во вториот дел и на крајот видовте како заврши. Македонија има квалитетен тим и затоа беше подобра во првиот дел. Сепак најдовме решение во второто полувреме, ја забрзавме нашата игра, наметнавме темпо и заслужено победивме“, изјави Ребров.

Украинците во следниот натпревар ќе играат против аутсајдерот Малта која загуби од Англија, која пак ќе биде противник на Македонија, а двата натпревари ќе се играат во понеделник.