Машката кадетска репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, летово ја очекува настап на Светското првенство во Хрватска што ќе се одржи во периодот 2 до 13 Август.
Селекторот Радослав Стојановиќ, го скрати списокот на ракометари на 24, кои ќе продолжат со подготовките во Маврово.
А, како дел од подготвителниот период напите кадети ќе одиграат и два контролни пријателски натпревари против врсниците од Унгарија и тоа на гостински терен на 13 и 14 јули.
На Светското првенство, кадетската машка репрезентација на Македонија ќе биде дел од групата Ф во која за противници ќе ги има врсниците од Норвешка, Црна Гора и Грузија.
Првите две репрезентации од групата обезбедуваат пласман во Главната рунда, а останатите две репрезентации се пласираат на „Президент Куп“.