Партизан поведе и со 2:0 против Црвена Звезда во финалето на АБА лигата. Во „Штарк арена“ пред повеќе од 18.000 гледачи, Партизан го победи вечниот ривал со 87:78.
Далеку подобар, поeнтерен и повозбудлив беше вториот дуел помеѓу вечните ривали во финалето на АБА лигата. Се играше далеку по израмнета кошарка каде и двата тима немаа поголема предност од четири до пет разлика, а на полувреме резултатот беше нерешен (44:44).
Домашниот состав предводен од тренерот Жељко Обрадовиќ во третата четвртина ги имаше и највисоките девет поени предност, но со тројката на Лазиќ со звукот на сирената, црвено-белите влегоа во последнит 10.минути со само шест коша разлика (68:62).
Во последните 10.минути всушност и беше решен победникот на мечот односно на две минути пред крај на мечот. Црвена Звезда стигна само до -5 до резултатот на Партизан и тука застана.
Црно-белите до крајот на мечот зголемија и на максималните +9 што на крајот беше и конечен резултат и победа на Партизан со (87:78) и водство од (2-0) во финалната серија од АБА лигата.
Најдобар на мечот беше Недовиќ од Црвена Звезда со 21 кош, додака 15 коша дадоа Нанали и Смаилагиќ кај Партизан, а по 13 коша постигнаа Лесор и Пантер од редовите на црно-белите.
Па така следните два меча домаќин ќе биде составот на Душко Ивановиќ каде Црвена Звезда ќе има шанса да стигне до првата победа.
Третиот натпревар од АБА финалето се игра в недела од 20.30 часот.
Томислав Атанасовски