Денвер Нагетс се големи фаворити да победат на натпреварот број 5 во финалето на НБА против Мајами Хит.
Нагетс беа подобриот тим во текот на целата серија, а три од четирите натпревари победија со двоцифрена разлика. Хит беа конкурентни на секој натпревар, но тие се мачеа за секој поени.
Денвер ги предводи Никола Јокиќ, кој во серијата бележи просечни 27,3 поени, 13,3 скока и 8,0 асистенции по натпревар. Јокиќ е фаворит за освојување на наградата МВП на финалето на НБА. Многу работи во домашниот тим зависат и од Џамал Мареј, кој има просек од 25,8 поени и 8,8 асистенции. Ова е „убиствениот“ тандем кој на Денвер треба да им ја донесе историската прва шампионска титула.
На спротивната страна, Џими Батлер, кој има просек од 27 поени, 7 скока и 5 асистенции по натпревар во серијата не може се сам, па освен Батлер и Адебајо, сега и останатите ќе мора да одиграат далеку подобро.
„Нагетс“ со Јокиќ и компанија се на чекор до освојување на шампионскиот трофеј, а ќе успеат ли уште вечерашниот натпревар (од 02:30 часот), ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ