Ракометниот клуб Голден Арт го промовира своето прво засилување за следната сезона во која скопскиот тим повторно ќе биде дел од елитната македонска конкуренција.

Станува збор за 26-годишниот велешанец Тоше Ончев кој минатата сезона беше дел од ГРК Охрид но поради повреда на коленото предвреме ја заврши истата.

„Сакам да се заблагодарам за довербата од страна на клубот и можноста да се напредува индивидуално и како колектив, во клуб кој е воден од одлична група на професионалци но и големи ентузијасти. Среќен сум што ќе бидам дел од екипа составена од млади македонски ракометари, колектив кој е препознатлив по добра работна атмосфера и во кој може да се напредува на техничко тактички план. Возраста на играчите и структурата дава за право да размислуваме дека со добра работа, сериозна конкуренција, давајќи се од себе ќе имаме можност да постигнеме добри резултати, одејќи чекор напред во однос на минатата година.
РК Голден Арт го одбрав како клуб кој е препознатлив по тоа што овозможува добри услови за напредок на младите играчи и сигурен сум дека од година во година клубот ќе расте и ќе се развива на повисоко ниво“, изјави Тоше Ончев при потпишување на договорот.

Ончев со Голден Арт потпиша договор за две сезони, со што клубот ја потврди заложбата дека и во иднина ќе дава можност на младите ракометари од своите младински категории, надополнувајќи ги со исклучиво млади амбициозни македонски ракометари, потенцијални репрезентативци, кои во иднина ќе бидат гордост на тимот и на државата, информираат од клубот.