Машката сениорска 3Х3 селекција на Македонија ќе игра во четвртфиналето од квалификациите за Европското првенство што викендов се играат во Братислава.
Првиот дел од натпреварите, она групна фаза нашата репрезентативна четворка го заврши како второпласирана во групата „Б“. Реализираше половичен ефект, победа над Унгарија, и пораз од Австрија. Сепак благодарение на победата на Австријците против Унгарија, го постави нашиот тим на втората позиција.
Согласно со претходно утврдениот распоред на квалификацискиот турнир, противник во четвртфиналето ќе ни биде првопласираната селекција од групата „Д“ – Чешка.
Чесите имаа две победи во првиот дел од квалификациите. Беа подобри од Грција (21:12), а потоа и од селекцијата на Грузија (21:14), и го освоија првото место (Грција е втора).
Така македонските „баскетџии“ попладнево од 13.05 часот ќе го играат четвртфиналето.
Пред нив (12.40 часот) својот натпревар ќе го одиграат Франција и Словачка, а потоа следуваат дуелите (15.40) Австрија – Грција и (16.05) Полска – БиХ.