Калин Ивановски и Горазд Србљак се македонските тенисери кои успешно ја минаа првата пречка на фјучрсот во Скопје.
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Скопје откако во стартното коло по голема борба го совлада Тибо Колсон од Белгија со 2-1 во сетови (46 62 64). Утре во второто коло ќе игра против Ален Бил од Хрватска кој со 2-0 во сетови го победи Ханс Алберт Шуберт од Чиле.
Во првиот сет Ивановски по 3:3 во гемови успеа да направи брејк, но потоа Колсон со серија од три гема го реши сетот во своја корист со 6:4. Сепак нашиот играч брзо се созема и во следниот сет буквално доминираше по 2:1 во гемови брзо стигна и до 5:1, а белгискиот тенисер успеа само да освои уште еден гем во стеот за 6:2 и изедначување на 1:1.
Во решавачкиот сет Ивановски на почетокот направи брејк и поведе со 2:0, а предноста ја имаше и во продолжението на сетот до 4:2, кога Колсон со брејкот успеа да изедначи на 4:4. Сепак Ивановски брзо се врати и направи ри-брејк, а потоа во 10.тиот гем ја искористи втортата меч топка за конечна победа.
Во мечот на македонските играчи Горазд Србљак го победи Томислав Јотовски со 2-0 во сетови. Во првиот сет Србљак не загуби ниту еден гем и сетот го доби со 6:0, додека во следниот беше 6:2. Мечот траеше 1 час и 22 минути.
Во второто коло Србљак ќе игра со победникот од мечот Доминик Граф (Германија) – Ерги Киркин (Турција).