Пабло Мартин Паез Гавира „Гави“ го чекаше тој ден за да биде регистриран како професионалец во Барселона со бројот шест кој што го носеше и тренерот Чави Ернанез.
Поради финансиски проблеми, брилијантниот 18-годишен репрезентативец на Шпанија беше под договор за стипендија цела минатата сезона.
Претседателот Жоан Лапорта преговара со Лионел Меси за неговото враќање на „Камп Ноу“, но патем го реши и проблемот со Гави, кој летово можеше без проблеми и без обештетување да си замине од Барса.
Тој доби професионален договор со важност до јуни 2026 година, како и откупна клаузула од една милијарда евра. Така Гави им се приклучи на Ансу Фати, Педри и Араухо кои исто така имаат откупна клаузула од една милијарда евра.
18-годиниот Гави одигра повеќе од 49 натпревари, постигнувајќи три гола со седум асистенции, освојувајќи ја Примера и Суперкупот на Шпанија.
Ansu Fati, Gavi, Pedri and Araujo really all have $1 billion release clauses 🤯 pic.twitter.com/R7VySmNiDm
— ESPN FC (@ESPNFC) June 6, 2023