Фиорентина против Вест Хем е вечерното финале од Конференциската Лига, дуел помеѓу две силни екипи кој освен за трофејот ќе се борат и за настап во Лигата на Европа следната сезона.
Затоа искусниот италијански репрезентативец и капитенот на Фиорентина, Кристијано Бирга изјави дека ова финале е поважно од финалето во „Копа Италија“, кое Фиорентина го загуби од Интер.
„Од секогаш се трудам да ги чувам играчите, знам колку е комплицирано кога сте на мета на критики.
Но, најважното нешто е да бидеме сите заедно, како на теренот така и надвор од него.
Според мене финалето од Конференциската Лига е поважно од Италијанскиот Куп.
Вечерва ќе играме против тежок противник, затоа мораме да бидеме силни и да ги искористиме сите наши шанси“, изјави Бирга.
Финалниот меч што ќе се игра во Прага на „Фортуна Арена“ ќе започне во 21 часот.