Александер Зверев ја комплетира листата од осуммина тенисери што ќе играат во четвртфиналето на Гренд слемот во Париз.
Германецот кој на годинашното издание на Роланд Гарос ја има улогата дури на 22-ри носител лесно во три сета со 6-1, 6-4 и 6-3 го победи Григор Димитров, Бугарија.
Со тоа Зверев се озбори за место четвртфиналето во кое за противник ќе го има Аргентинецот, Томас Мартин Ечевери кој лесно со 3:0 го победи Јапонецот, Јошихито Нишиока.
Тој меч како и дуелот меѓу (4) Каспер Руд од Норвешка и (6) Холгер Руне, Данска ќе се играат во среда, додека утре на програма се првите четвртфинални мечеви во кои ќе играат (1) карлос Алкараз, Ппанија – (5) Стефанор Циципас, Грција и (4) Новак Ѓоковиќ, Србија – (11) Карен Кахчанов, Русија.
Победниците од утрените четвртфинални дуели ќе го формираат првиот пар за полуфиналето, во кое можен е и дуел меѓу топ фаворитите Алказар и Ѓоковиќ