Женска одбојкарска репрезентација на Македонија и по трет пат е поразена во натпреварите од Европската Сребрена лига.
На мечот од А групата одигран попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ нашите одбојкарки не можеа да им парираат на фаворизираните Естонки кои се неприкосновено први во нашата група.
Гостинките доминацијата ја најавија уште во првиот сет кој го добија со убедливи 25-10, за во вториот да ни препуштат 14 поени (25-14), а во третиот црвено-жолтите освоијна најмногу 20 поени (25-2), додека Естонија го доби мечо9т со убедливи 3:0
Во вториот натпревар од нашата група Авсртеија ја победи Летонија со 3:1
Натпреварите продолжуваат следната сабота (10 јуни), кога нашите одбојкарки повторно ќе се сретнат со Естонија, но тогаш на теренот на противникот