За прв пат во историјата на ФА Купот, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе играат за трофејот во големото финале на „Вембли“.
Трката за „тројната круна“ за екипата на Пеп Гвардиола, која игра фантастична сезона по доаѓањето на Ерлинг Халанд во дресот на Сити, останува во игра и овој трофеј е многу важен за „граѓаните“.
Премиер лигата е веќе освоена, а Халанд го обори рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона, 36. По триумф над актуелниот шампион, Реал Мадрид во Лигата на шампионите се пласираа во финалето, каде на 10-ти јуни ќе ги одмерат силите со Интер.
Ерик тен Хаг во својата прва сезона со Манчестер Јунајтед успеа да го освои Карабао (Лига) купот на Англија, но начинот на кој ги води своите играчи потсетува на врвниот Алекс Фергусон.
„Црвените ѓаволи“ имаат 12 титули во ФА Купот, додека „граѓаните“ ја бркаат својата седма. Ова ќе биде 190-то „Манчестер дерби“ во историјата, а за прв пат ќе се одигра и во финалето на купот.
Дербито меѓу Јунајтед и Сити ќе се одигра денеска со почеток од 16:00 часот.