Според тоа како поминаа петочните тренинзи, најверојатно ќе гледаме нова доминација на Ред Бул и на патеката Каталуња во Барселона за ГН на Шпанија.

Лидерот и двократниот шампион Макс Вертастапен од Ред Бул постави најбрзо време во двата слободни тренинзи и со тоа ја најави кандидатурата за нова пол-позиција и на оваа трка.

Најблиску до него беа неговиот тимски колега од Ред Бул, Перез и Алонсо од Астон Мартин.

Но, да не ги заборавиме и двата возачи на Ферари, Саинц и Леклерк како и „сребрените стрели“ на Мерцедес, Хамилтон и Расел кои секогаш можат да изненадат во квалификациите.

Потсетување дека Верстапен е лидер во Генералниот поредок со 114 бодови и има 39 повеќе од тимскиот колега Серхио Перез (105), додека трето рангиран е Фернандо Алонсо со 93, по кој следуваат двајцата возачи на Мерцедес, Луси Хамилтон со 69 и Џорџ Расел кој досега собра 50 поени.

Квалификациите на програмата се денеска од 16 часот, а главната трка се вози в недела од 15.часот.

Томислав Атанасовски