Откако утринава најавија четири нови имиња во својот клуб, од ГРК Охрид попладнево со ново, големо, изненадување.
Стефче Алушовски ќе биде новиот тренер на охридскиот клуб со кој потпиша договор до 2026 година.
50-годишниот Алушoвски својата тренерска кариера ја градеше во најдобрите македонски тимови РК Пелистер, РК Еурофарм Работник и РК Вардар, како и во исландскиот Тор Акурејри.
„Среќен сум што повторно после двегодишна пауза се враќам во македонскиот ракомет, а посебно затоа што го преземам амбициозниот проект на РК Охрид.
Во разговор со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и се она што ми беше презентирано како идни планови на клубот претставуваат убав и голем предизвик за мене да сите заедно направиме од РК Охрид репрезент на градот кој несомнено сака спорт и знае што е квалитетен спорт. Среќен сум и возбуден бидејќи претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт”,
изјави новиот тренер на ГРК Охрид, Алушовски.
Најавува ли Охрид со ново ангажираните имиња дека следната сезона ќе биде сериозен конкурент на екипите што претендираат за највисок пласман во македонското првенство, останува времето да покаже.