Во вториот натпревар од францускиот Роланд Гарос, Новак Ѓоковиќ славеше со 3:0 (7-6, 6-0, 6-3) над Мартон Фуксович.
Новак во првиот сет се изнамачи со Унгарецот, по водство од 5-2 во сетови загуби три по ред и му даде надеж на Фуксович. Но, рутински го одигра тајбрејкот и го доби првиот сет со 7-6.
Во вториот сет Ноле му покажа на противникот со кого си има работа и го „разби“ со 6-0.
И во последниот сет Ѓоковиќ само рутински одигра на теренот и со 6-3 го доби третиот сет.
Во следниот меч српскиот тенисер ќе ги одмери силите со 34-то рангираниот Алехандро Давидович Фокина.