Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денеска објавената ранг листа од страна на ВТА има скок од 22 места и се наоѓа на 230.то место, со новите 43 поени освоени од финалето на фјучрсот во Куршумлијска Бања минатата недела.
Поените од четвртфиналето во Оточец, Словенија ќе бидат впишани на следното рангирање по завршувањето на Ролан Гарос. Ѓорческа има вкупно 311 поени.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа се наоѓа на 425-то место со 157 поени и има пад на ранг листата за девет позиции.
Од македонските тенисерки пласман на ВТА листата има и Магдалена Стоилковска, која со 3 поени се на оѓа на 1346-то место.