По трите порази, кошаркарите на Бостон врзаа три победи во серија против Мајами, и се изборија за „мајсторка“ во финалето на Источната конференција.
Селтикси ноќеска на гостински терен во драматична заврница со кошот на Дерик Вајт на 2.десетинки до крајот славеа победа над Хитс со 104:103 со што го израмнија резултатот на 3-3 во победи и се изборија за решавачки седми натпревар.
Само неколку секунди пред истекот на времето, Џими Батлер постигна кош за водство на Хит од еден поен103:102. Во последниот напад за Бостон, оговорноста ја презеде Маркус Смарт, кој шутираше за три поени и промаши, но Дерик Вајт забележа офанзивен скок и со своите поени му донесе победа на својот тим.
Најефикасен на натпреварот беше Џејсон Тејтум со 31 поен, 12 скока и пет асистенции, а најрасположен беше Батлер од Мајами со 24 поени, 11 скока и осум асистенции.
На овој начин, Селтикси станаа само четвртиот тим во историјата кој успеал да се врати од негативата од 0:3 во плејоф серијата од НБА лигата, а сега ќе имаат можност да направат целосен пресврт и да испишат историја на својот дом.
Седмиот и решавачки дуел ќе се игра во Бостон, а закажан е за вторник наутро од 02:30 часот.