На тениските терени на Ролан Гарос во Париз, денеска започнува вториот Грен слем турнир во годината.
Годинешниот награден фонд се зголеми на рекордни 49,6 милиони евра. Победниците во сингл во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,3 милиони евра.
Ова издание на отвореното првенство на Франција, ќе мине без најтрофејниот во Париз, Рафаел Надал кој поради повреда нема да ја брани титулата освоена минатата година.
Затоа улогата на прв фаворит ја има неговиот сонародник младиот Карлос Алкараз, ова го нагласи и Новак Ѓоковиќ кој ја има улогата на трет фаворит.
„Искуството е на моја страна, но од оваа перспектива, игра и форма, тој е фаворит број еден “, рече Ѓоковиќ.
Титулата во женска конкуренција ќе ја брани најдобрата тенисерка на светот, Ига Швионтек од Полска, која лани во финалето ја совлада Американката, Коко Гоф.