Екипите на Бутел и Еурофарм Пелистер 2 со победи го завршија годинашниов шампионат во ракометната Супер лига. Двете екипи остварија победи над Охрид односно Пролет во дуелите од 14.коло. Во Битола во дуелот на двете последнопласирани екипи од Супер лигата Еурофарм Пелистер го совлада Пролет со 27:25. Најефикасен на дуелот беше младинскиот репрезентативец на Македонија Емилијан Ѓорѓовски, кој постигна 13 голови, додека кај Пролет најмногу голоци постигна Виктор Додевски – 8. Ѓорѓовски поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда.
Бутел со победата над Охрид попладнево го мина директиот ривал и го освои петтото место на табелата. Воедно на овој дуел Бутел се заблагодари на своите досегашни пет членови меѓу кои и тренерот Кристијан Грчевски, кои следната сезона нема да бидат од овој тим. Бутелчани победија со 24:17, а најефикасни кај домашниот тим беа Мирко Мајиќ и Кристијан Давитковски сопо 6 голови, додека за Охрид Деан Шешиќ беше стрелец на 5 погодоци.
Утре се играат последните два дуела. Во Битола од 18 часот Еурофарм Пелистер е домаќин на Тиквеш, каде воедно ќе има и промоција на шампионската титула. Почетокот на дуелот е во 18 часот, додека од 19 часот ќе играат Вардар и Алкалоид. Гостите со триумф ќе го минат Вардар на табелата во борбата за второто место.
Табела: Еурофарм Пелистер 39, Вардар 34, Алкалоид 33, Тиквеш 18, Бутел 16, Охрид 15, Е.Пелистер 2 10, Пролет 6.