Полека наближува стартот на натпреварите во Европската Златна лига, во која Македонија ќе дебитираа. По повеќегодишното искуство во Сребрената лига, сега нашата најдобра машка одбојкарска репрезентација оди ниво погоре и ќе се „проба“ со посилните селекции кои играат во Златната лига.

Квалитетот на противниците не е причина да не веруваат во своите можности, па еден од најискусните наши репрезентативци Филип Деспотовски.

Тој вели „очекувајте сите добар резултат“, како вовед во „главното“ настапот на Европското првенство чиј еден од ко-домаќините е и Скопје.

„Ново натпреварување на репрезентацијата, нов селектор, нови помошници, меѓутоа стара екипа.
Очекувајте сите добар резултат.  Сите сме многу подготвени. Се надевам дека во наредниот период ќе биде добро загревање со радост на Македонија на успеси, и продолжување на Европското првенство“,
вели Деспотовски.

Одбојкарите во петок патуваат за Познањ, Полска, каде против Украина ќе го одиграат првиот меч од Златната лига.

Покрај Украинците, противници на нашите одбојкари во ова натпреварување се и селекциите на Белгија и Хрватска со кои првите натпревари ќе ги играме на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 31 мај и 3 јуни.