На третиот ден (вторник 23.мај) од Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023 ќе се играат 11 мечеви од првото коло како и два меча од турнирот во конкуренција на двојки. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе се појави на Централниот терен како втор меч од програмата,а ривал му е Дино Прижмиќ од Хрватска.
Од мечевите во двојки ќе настапи и македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои ќе играат против Филип Бергеви (Шведска) и Џејсон Тејлор (Австралија). Нивниот меч нема да почне пред 15:30 часот.
Распоред на мечеви по терени
Централен терен (старт 10:30 часот):
Миљан Зекиќ (8 носител, Србија) – Нермин Фатиќ (БиХ)
Калин Ивановски (Македонија) – Дино Прижмиќ (Хрватска)
Никола Милојевиќ (Србија) – Александер Веис (Италија)
Обрад Марковски, Горазд Србљак (Македонија) – Филип Бергеви (Шведска), Џејсон Тејлор (Австралија)
Терен број 5 (старт 10:30 часот):
Азиз Дугаз (1 носител, Тунис) – Луис Веселс (Германија)
Сумит Нагал (Индија) – Бенџамин Хасан (7 носител, Либан)
Ендрју Паулсон (Чешка) – Мате Валкуж (Унгарија)
Иван Лутаревич (Белорусија), Владислав Манафов (Украина) – Санјар Фајзиев(Узбекистан), Маркос Каловелонис (Грција)
Терен број 8 (старт 10:30 часот):
Оливер Крафорд (САД) – Матеус Пуцинели Де Алмеида (Бразил)
Вилсон Леите (Бразил) – Филип Кристиан Јиану (Романија)
Карол Дрзевиецки (Полска) – Роман Андрес Буручага (6 носител, Аргентина)
Терен број 6 (старт 10:30 часот):
Франциско Комесана (5 носител, Аргентина) – Џејмс Мек Кејб (Австралија)
Драгош Николае Мадарас (4 носител, Шведска) – Макс Касниковски (Полска)
Мечевите на сите терени почнуваат во 10:30 часот, а влезот е слободен.