Според англиските медиуми, челниците на Манчестер Јунајтед се подготвени да платат дури 90 милиони евра за фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ .
Напаѓачот на „старата дама“ е на мета на неколку богати гиганти. Според најавите, Челзи веќе испратил официјална понуда вредна 80 милиони евра.
Но. Медиуми, на островот пренесуваат дека Влаховиќ (23) не сака да му се приклучи на Челзи бидејќи „сините“ следната сезона нема да играат во европските натпреварувања, додека тој е отворен за преговори за преселба на „Олд Трафорд“, бидејќи клубот речиси сигурно ќе игра во Лигата на шампионите.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг , постави приоритет за двајца врвни напаѓачи во преодниот рок, а покрај српскиот репрезентативец, на неговата листа со желби се и Хари Кејн од Тотенхем , Расмус Хејлунд од Аталанта и Виктор Осимен од Наполи.