По подолго време најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе настапи пред домашната публика во Скопје.

Во првото коло на Челинџер 75 турнирот „Macedonian Open 2023“, Калин за противник ќе го има нему добро познатиот Дино Прижмиќ од Хрватска, млад тенисер со кого Калин заедно тренира во Загреб.

„Добро го познавам Дино. Речиси секој втор ден играме меѓусебно на тренинзите во Загреб. И нашите тренери ги знаат нашите добри и лоши страни, па ќе биде тешко да се скрие нешто. Тоа ќе биде меч во кој ќе има многу тактика, но се надевам дека со поддршката од публиката , на крајот заедно сите ќе се радуваме“, изјави Калин на вчерашната прес конференција. 

Мечот меѓу Калин и Дино што ќе се игра на Централниот терен, на ТК Југ,
можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ