По завршувањето на сезоната во кошаркарската Евролига, е познато како ќе биде распределен наградниот фонд. Како првопласирана екипа, Реал Мадрид ќе добие најголема сума – 1.759.398 евра.
Поразениот во финалето, Олимпијакос ќе добие речиси половина – 996.992 евра. Монако ќе добие 879.699 за третото место, Барселона 762.406 за четвртото.
Партизан – 645.112, Жалгирис – 586.466, Фенербахче – 527.819, Басконија – 469.173, Црвена ѕвезда 410.526, Анадолу Ефес 351.880, Милано – 293.233, Валенсија – 234.586 и Виртус – 175.940