Во одлична атмосфера во Кавадарци, Вардар славеше во бараж дуелот со Скопје со високи 3:0. Со оваа победа Вардар е новиот прволигаш, додека екипата на Скопје се сели еден ранг подолу, односно во Втора лига.
Натпреварот започна одлично за екипата на Вардар, која рано поведе со голот на Дарко Размоски после една мешаница. уште во третата минута.
Работата на Вардар му ја олесна играчот на Скопје, Миле Тодоров, кој заработи доста наивен црвен картон. Тодоров постапи неискусно и фрли со факел кон навивачите на Вардар, а поради тој потег заработи директно исклучување.
Скопје имаше тешка задача со играч помалку да се врати во игра. Вардар ја искористи таа предност и со вториот гол на Размоски на овој натпревар ја зголеми предноста на 2:0.
Капитенот Дарко Глишиќ со прекрасен гол од слободен удар зголеми на 3:0 и веќе оваа предност беше недостижна за Скопје.
Така најтрофејниот македонски тим, Вардар по две години минати во второлигашката конкуренција се враќа онаму каде му е местото, Првата фудбалска лига
Филип Василевски