Гостите од Рим, тимот на Лацио ја оправдаа фаворитската улога и со минимална победа од 0:1 го победија Удинезе.
Бланкочелестите на Маурицио Сари го искористија поразот и се вратија на третата позиција.
Победничкиот гол за Лацио го постигна Чиро Имобиле во 61-та минута. Најдобриот стрелец на Лацио беше сигурен реализатор на ударот од 11 метри.
Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски доби шанса во 70-тата минута, но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот.