Екипата на Брајтон го совлада испаднатиот Саутемптон со 3:1 и се избори за место во Лигата на Европа следната сезона. Најзаслужен за оваа победа беше младиот Еван Фергусон, кој постигна два клучни погодоци за овој триумф.
Фантастично прво полувреме одиграа играчите на Брајтон, предводени од Еван Фергусон, кој постигна два гола во првиот дел за водство на својата екипа. 18-годишниот Ирец во 29-тата минута погоди за 1:0, а предноста ја удвои во 40-тата минута по прекрасното додавање на Каору Митома.
Во второто полувреме, Саутемптон успеа да намали на 1:2 со голот на Ељунуси во 58-та минута, а само 5 минути подоцна (63-тата минута), стигнаа и до изедначување, но Вар го поништи голот на Тео Волкот.
И покрај опасните напади на Саутемптон, избраниците на Де Зерби во 69-тата минута дојдоа до 3:1 со прекрасниот гол на Паскал Грос. Во мирна завршница, Пол Тирни означи крај на натпреварот.
Брајтон по оваа победа дојде до 61 бод и се наоѓа на шестата позиција на табелата, со 5 бодови помалку од Ливерпул и 3 повеќе од Астон Вила, но поради подобрата гол-разлика, занемарувајќи го исходот од последното коло, Брајтон следната сезона ќе игра во Лигата на Европа.