Екипата на Манчестер Сити ја прослави одбраната на шампионската титула со победа над Челзи во дуелот од 37.коло од Премиер лигата. Овој натпревар беше само формалност по вчерашниот пораз на Арсенал на гости кај Нотингем Форест. „Граѓаните“ го совладаа Челзи со 1:0.
Подобрата игра на почетокот од дуелот донесе водство за шампионот во 12.минута, а стрелец на голот беше Хулиан Алварез. Вчерашниот резултат на Арсенал овозможи менаџерот на Манчестер Сити на денешниот натпревар да им даде шанса за повеќе играчи од клупата, па така Халанд, Де Бруин и Стоунс во игра влегоа во финишот на натпреварот.
Ова за Манчестер Сити е 9.та титула шампион на Англија или трета во серија.