По 23 години повторно тенис на високо ниво во Македонија. Од 21 до 27 мај заедно со квалификациите седум дена возбудувања со настап на најдобрите македонски тенисери. На терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе се одржува АТП Челинџер 75 турнир со награден фонд од 80.000 американски долари, најголем досега воопшто одржан во Македонија.
На турнирот во „главниот ждреб“ ќе играат 32 играчи – 21 директен учесник, 3 вајлд карта, 6 квалификанти и 2 посебен исклучок (special except). Во квалификациите ќе настапат 24 играчи – 20 директни учесници и 4 вајлд карти. Во конкуренција на двојки ќе настапат 16 пара од кои 2 пара ќе бидат со вајлд карта.
Главниот турнир ќе се игра од понеделник 22.мај до сабота 27.мај, а квалификациите ќе се играат и на 21.мај. Според програмата на 21.мај (недела) ќе се играат 12 меча од квалификациите, во понеделник (22.мај) ќе се играат 6 меча од квалификациите за учество на главниот турнир и 6 меча од првото коло. Во вторник на 23.мај ќе се играат 13 меча (10 во сингл конкуренција и 3 во двојки), а ист број на мечеви (13) ќе има и на 24.мај (среда) – 8 сингл меча и 5 во двојки. Следниот ден 25.мај на програмата се мечевите од четвртфиналето во двете конкуренции, а на 26.мај се полуфиналните мечеви. Последниот ден од турнирот 27.мај – сабота ќе се одиграат финалните мечеви во двете конкуренции.
Мечевите ќе се играат на три терени на комплексот на ТК Југ (централен терен, терен бр.5 и терен бр.8)
Почетокот на дневните програми од 21 до 24.мај ќе бидат во 10 часот, од 11 часот е почетокот на мечевите на 25 и 26.мај, додека финалниот ден почетокот на програмата дополнително ќе биде одреден.
Победникот на Macedonian Open 2023 ќе освои 75 АТП поени и 9.880 евра, додека финалистот ќе освои 50 поени и 5.820 евра.
Супервизор на турнирот ќе биде Андреј Корнилов од Узбекисатан, додека македонски судии кои ќе бидат дел од турнирот се Зоран Марков – главен судија а Зоран Поповски и Анета Павловска – судии на стол.