Актуелниот шампион Вардар и најголемиот претендент за шампионската титула Еурофарм Пелистер натпреварите од 13.коло од Супер лигата – плеј оф ќе ги играат во ист термин. Двата тима гостуваат Вардар во Кавадарци кај ГРК Тиквеш, а Е.Пелистер во Охрид кај ГРК Охрид. Почетокот на натпреварите е во 20 часот.

Покрај овие два дуела се играат и уште два натпревара. Во салата Автокоманда Алкалоид го пречекува вториот тим на Е.Пелистер. Почетокот на дуелот е во 19 часот.

Последниот дуел од оваа рунда се игра утре меѓу скопските екипи Пролет 62 и Бутел. Почетокот е во 19 часот.

Табела: Еурофарм Пелистер 36, Вардар 33, Алкалоид 30, Тиквеш 17, Охрид 15, Бутел 10, Е.Пелистер 2 7, Пролет 62 6.