Кошаркарот на Денвер „Нагетс“ Никола Јокиќ игра брилијантно во НБА плеј-офот. Речиси и да нема натпревар на кој Србинот не остварува нов НБА или личен рекорд.
Така беше и на синоќешниот втор дуел од финалето против Лејкерси кој Денвер го доби да водство од 2:0.
Јокиќ оствари нов трипл-дабл, со 23 поени, 17 скокови и 12 асистенции. што е негов шести во плеј-офот сезонава и го дели само еден од рекордот на легендарниот Вилт Чембрлен остварен во далечната од 1967 година.
Но, Јокиќ сепак синоќа постави два рекорд. Со вкупно 55+ поени, 35+ скока и 20+ асистенции во два последователни натпревари од плејофот, тој е единствениот играч во историјата на НБА со вакво остварување. Воедно Јокиќ стана и првиот играч во НБА историјата кој на четири последователни натпревари од плеј-офот остварил трипл-дабл, а придоа да постигнал 20 и повеќе поени.
Го налутија ли Американците, Србинот што и трета сезона во низа не му го дадоа признанието за најкорисен играч (МВП) кое годинава замина во рацете на Џоел Ембид, кој со Филаделфија не стигна ниту до финалето на истокот.