„Кралот на земјените терени“ Шпанецот Рафаел Надал нема да настапи на вториот Грен слем турнир во годината – Ролан Гарос. Времескиот тајмниг е пречка Надал да се врати на турнирот каде има најмногу успех, односно повредата не е доволно санирана. Тој официјалното откажување ќе го објави најверојатно утре на прес конференција во неговата Академија.
Повредата на колкот бара подолга рехабилитација.
Рафаел Надал има освоено 14 титули на Ролан Гарос од 18 учества има 112 победи и само три порази.