Младиот Холгер Руне приреди изненадување на мастерсот во Рим елиминирајќи го српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето, со 1-2 во сетови (2-6, 6-4, 2-6).
Мечот започна лошо за српскиот тенисер, затоа што дозволи два брејка во воведните пет гема за предност од 1-4 на Холгер Руне, што беше доволно за 6-2 во првиот сет. Во вториот сет Ноле тргна доста подобро, а имаше и мала пауза прво поради медицински тајм-аут, а потоа и поради дожд во италијанскиот град.
По продолжувањето на мечот Ѓоковиќ се врати во ритам и со 6-4 изедначи на 1-1.
Руне тргна фуриозно во третиот сет и успеа да поведе со 0-4 и тоа беше доволно за да се трасира патот кон голема победа.
Ова беше втора победа на Руне над Ѓоковиќ во кариерата, по финалето на мастерсот во Париз.