Во ракометната Лига на шампиони денеска и утре ќе се одиграат реванш полуфиналните натпреварите по кои ќе ги дознаеме четирите екипи кои ќе настапат на завршниот „фајнал-фор“ турнир.
Актуелниот шампион Барселона заедно со ПСЖ се најблиску до полуфиналето. Фаворитите за трофејот во првите средби на гостински терен забележаа убедливи победи, па на реваншите пред своите симпатизери само треба да го заверат својот пласман во полуфиналето.
Затоа пак за останатите две полуфинални места ќе се води голема борба. Имено, другите два четвртфинални дуели завршија со нерешен резултат па четирите екипи кои ги сочинуваат овие два пара со право се надеваат на пласман на завршниот турнир.
Секако мала предност ќе имаат Магдебург и Килце кои реванш дуелите со Висла и Веспрем ќе ги играат на домашен терен, пред своите симпатизери.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЧЕТВТФИНАЛЕ (реванш)
СРЕДА
18.45 Магдебург – Висла Плок (22-22)
20.45 ПСЖ – Кил (31-27)
ЧЕТВРТОК
18.45 Килце – Веспрем (29-29)
20.45 Барселона – ГОГ (37-30)
Завршниот фајнал-фор турнир што традиционално се игра во „Ланксер Арената“ во Келн, е закажан за 17 и 18 јуни.