Екипата на Љуботен со убедливата победа со 4:0 ја совлада екипата на Каменица Саса во големото финале од фудбалскиот куп на Македонија во женска конкуренција. Натпреварот се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.
Ова е прва титула во историјата на Љуботен во фудбалскиот куп на Македонија. Каменица Саса беше бранител на овој трофеј, но загубија со идентичен резултат како минатото финале што го добија со АС Јунајтед.
Делгадо во 18-тата минута го отвори резултатот после еден центаршут и со глава биеше прецизно. Одлична контра истрча Гоја и го зголеми водството на 2:0. До самиот крај на првото полувреме Ленче Андреевска со одличен удар ја затресе пречката од голот на Магдалена Лековска.
Во вториот дел Каменица Саса нападна во обид да се врати во игра, но Едита Силва ја зголеми предноста на 3:0. Пред самиот крај на натпреварот во 81-та минута нашата репрезентативка Бојана Петкова ги постави конечните 4:0.
Тетовки кои се актуелни шампионки го освоија првиот трофеј сезонава, а се на добар пат да ја заокружат со двојната круна. Имено, на двете екипи им преостанува уште еден меѓусебен натпревар и тоа во Тетово, кој ќе решава за титулата во првенството.
Филип Василевски