Фудбалерите на Ливерпул ја продолжуваат борбата за четвртото место и Лигата на шампионите откако вечерва како гости го победија Лестер со 3:0. Ова за „црвените“ е седма победа во низа и деветти натпревар без пораз, останува сега прашањето дали конкурентите за ЛШ (Њукасл или Манчестер Јунајтед) ќе имаа кикс во последните натпревари. Со денешната победа Ливерпул обезбеди место во Лигата Европа за следната сезона.
По здодевните 30-тина минути Ливерпул ја обезбеди победата во кус период. Куртис Џонс постигна два гола на две асистенции на Мохамед Салах во 33.минута и 36.минута, а и двата гола беа прегледувани во ВАР собата и двата беа потврдени. Третиот гол го постигна Трент Александер-Арнолд од слободен удар во 71.минута на асистенција на Салах. Најдобриот стрелец на Ливерпул Салах (19 голови) дуелот го заврши со три асистенции, но пропушти две шанси за четвртиот гол на својот тим.
Ливерпул е на 5.то место со 65 бодови или седум повеќе од шестиот Брајтон, кој има два натпревара помалку. Во однос на конкурентите за ЛШ, Њукасл и Манчестер Јунајтед кои имаат по 66 бодови, Ливерпул има и натпревар повеќе.