Мулти Есенс успеа да оствари нов триумф над екипата на ЗРК Голден Арт КЛ7 во осмото коло од машката Првата лига во пеј-офот со резултат 30:21, со што ја продолжи победничката низа.
Натпреварот стартуваше со по еден гол на двете страни, по што домашната екипа со серија од 4:0 успеа да поведе со 6:2. Мулти Есенс доминираше со потполна контрола во првото полувреме, па во 27 минута имаше +10, а полувремето го заврши со убедлива предност од 17:6.
Мулти Есенс го задржа големото водство и во втората половина од натпреварот. Комбинацијата на напад и одбрана на домашниот тим беше непобедлива, што го натера противникот да се соочи со голем проблем.
Гостинскиот тим се обиде да ја намали разликата и стигна до -6 (24:18). Но, Мулти Есенс продолжи со брзи контра-напади, што резултираше со уште неколку голови, па крајниот резултат беше 30:21 за домашната екипа.
Димевски и Омераѓиќ беа најефикасните играчи во победничкиот тим на Мулти Есенс, со по пет погодоци. Стаменковиќ и Стојановски се истакнаа од спротивната екипа со по четири погодоци.
Ивона Кимовска