Речиси и да нема тајни, ниту може да има изненадувања, кога во прашање е противникот, смета Боро Смилковски предводникот на ТФТ Моцарт, пред вечерашниот прв дуел со Пелистер во полуфиналето од плеј-офот.

Двете екипи кои нé претставуваа во АБА2 лигата, долично се познаваат, а сезонава одиграат три меѓусебни дуели.

Домашниот терен секако ќе биде предност, впрочем двата тима тоа го потврдија во четвртфиналните дуели со Еуро Никел и Феникс во кои славеа во „мајсторките“ пред своите симпатизери и се пласираа во полуфиналето.

Противник со кој добро се познаваме и со кој сезонава веќе имаме одиграно три натпревари, и противник кој ке ја има предноста на домашниот терен во оваа серија.

Играчки добро се подготвуваме. Противникот е добро “скаутиран“ и не е тајна дека доколку сакаме да се надеваме на успех ќе мораме да ја спречиме нивната транзиција во нападот, како и да се избориме со нивната агресивност. Она на што посебно обрнуваме внимание од аспект на подготовка е психолошкиот момент и што е потребно да се победи во една ваква серија на гостински терен и тоа во Битола. Со надеж дека би имале подобра офанзивна игра и шутерски ден, се надевам дека можеби можеме да избориме историско финале за нашиот клуб“, вели Смилковски.

Ќе мине ли тактиката на Смилковски во Битола ќе видиме во првиот дуел што се игра вечерва од 18.30 часот, а кој можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.