Кошаркарските возбудувања во домашното, македонско, првенство продолжуваат денеска во Битола. Екипата на Пелистер го пречекува скопскиот ТФТ Моцарт во првата нивна полуфинална пресметка од плеј-офот.
Дуелот на двата тима кои не преставуваа во АБА2 лигата, треба да донесе интересна кошарка, а предноста на домашниот терен се покажа како клучна во првенствените дуели што ги одиграа овие два тима во регуларниот дел од сезоната.
Екипата од скопската населба Тафталиџе ја доби средбата во СРЦ „Кале“ со 95:90, по што следуваше убедлив реванш на битолчани пред својата публика со 92:69.
Пелистерци беа поуспешни во натпревар на од првото коло од АБА 2 лигата кога во Златибор победија со 75:65.
Добро се познаваат играчите и тренерите на двата тима, би знаат добрите и слабите страни на противникот, па ќе биде тешко некој да скрие или измисли нова тактика и да излезе како победник во оваа серија што се игра во два добиени натпревари.
Предноста ќе ја имаат битолчани бидејќи покрај првиот натпревар, пред своите симпатизери „Чкембари“ би ја одиграле и евентуалната „мајсторка“.
Денешниот натпревар меѓу Пелистер и ТФТ Моцарт што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“, ќе започне во терминот од 18.30 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.