Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да победи во финалето на фјучрсот во Куршумллијска Бања. Поуспешен од него беше Клеман Табу од Франција (23 год., 410 на АТП листата), кој го доби финалето со 2-1 во сетови (6:4; 3:6 и 6:2) за 2 часа и 39 минути. За Ивановски ова беше шесто сингл финале и остана на трите освоени турнири во 2022 година, додека во 2023 година ги загуби сите три финални мечеви.
Во првиот сет повеќе успех имаше противникот од Франција, кој сетот го доби со 6:4 во гемови за 54.минути. Клеман Табу имаше два брејка, наспроти еден на Калин Ивановски. Првиот брејк за водство од 2:1 го направи во третиот гем, потоа Ивановски имаше брејк за 3:3, но противникот во 9.тиот гем направи брејк за 5:4 и сетот го заврши во своја корист. Во вториот сет македонскиот тенисер веднаш направи брејк во вториот гем од сетот и поведе со 2:0, и потоа водеше со 4:1; 5:2 и по голема борба го освои 9.тиот гем за 6:3 во вториот сет ој траеше 55 минути.
Во решавачкиот сет нерешено беше до 2:2, за потоа во 6.тиот гем Табу да го одземе гемот на сервис на Ивановски за водство од 4:2. Французинот го освои и следниот гем за 5:2. Французинот брејк направи и во следниот гем искористувајќи ја втората меч топка.
Калин Ивановски за пласманот во финалето ќе освои нови 16 поени, додека 25 нови поени ќе има има во конкуренција на двојки откако вчера триумфираше со Олекасндр Овчаренко на турирот во Куршумлијска Бања.