НБА лигата ќе добие нов шампион. Ова откако утринава, бранителот на титулата од лани тимот на Голден Стејт претрпе нов, убедлив пораз (122-101), од „Лејкерси“ и со 2:4 ја загуби полуфиналната серија во Западната конференција.
„Воините“ немаа никакви шанси на гостувањето во Лос Анџелес каде домашниот тим доминираше од почетокот па се до самиот крај. Леброн Џејмс постигна 30 поени на кои придодаде по 9 скокови и асистенции, а Ентони Дејвис имаше дабл-дабк со 17 поени и 20 скока.
Леброн воедно собори два рекорди. „Кралот Џејмс“ ја оствари рекордна 41-ва победа во плеј-офот, со што го мина мина Дерек Фишер, а воедно стана и петтиот најстар 38-годишен играч кој постигнал 30+ поени во плеј-офот. Пред него тоа го направиле: Карим Абдул-Џабар (7 пати), Карл Мелоун, Реџи Милер и Еди Џонсон.
Со тоа „Лејкерс“ закажаа пресметка во финалето на западот со Денвер, што е реприза од пред три години, кога „езерџиите“ победија со 4:1, а потоа го освоија и последниот шампионски прстен.
Денвер досега ги загуби сите три финалиња на Западот од Лејкерси, Јокиќ, Мари, Портер Џуниор и другите играчи ќе имаат повеќе мотив да се одмаздат и да ја донесат првата конференциска титула на витрините на клубот.
Првите два натпревари ќе се играат во Денвер, а серијата подобар до четири победи ќе стартува во среда наутро (02:30 часот).