Екипата на Вардар го освои пехарот во Купот на Македонија откако во финалето го совлада лутиот ривал Еурофарм Пелистер со 26:25 (16:12). Ова за „црвено-црните“ е 16.ти трофеј во ова натпреварување, а трета победа во низа во финалните дуели против Е.Пелистер. Ова за Вардар беше деветто финале во серија. или во финалните дуели 6:2 за Вардар. Вардар водеше во текот на целиот натпревар.

Ракометарите на Вардар многу подобро го „отворија“ финалето пред се вниманието им беше на одбраната, па така битолчани првиот гол го постигнаа во седмата минута (2:1). „Црвено-црните“ брзо постигнаа уште два гола, а па клупата на Е.Пелистер мораше да бара тајм аут во 9.минута. Вардар не го спушташе ритамот и на полувреме од првиот дел водеше со + 5 (8:3). Оваа предност Вардар ја имаше и во 23.минута (12:7), пред се на прецизните удари од далечина на Моралес (6 гола прв дел) и Талески (3 гола прв дел). За мала консолодација на редовите клупата на Вардар побара тајм аут во 26 минута при резултат – 14:10. Еурофарм Пелистер преку Ојлески во последната секунда од првиот дел постигнаа гол за 16:12. Во првите 30 минути екипата од Битола најчесто реализираше на индивидуалните квалитети на играчи. Голманите на двата тима немаа свои минути кај Вардар Ристовски и Томовски имаа вкупно две одбрани, а кај Е.Пелситер Лесјак и Кизиќ имаа заедно вкупно 5. Поради повреда во 15.минута Е.Пелистер не можеше да смета на Денис Васиљев.

Почетокот на вториот дел мина во знакот голманот на Е.Пелистер Лесјак, кој имаше четири одбрани за 10 минути и негативата на противникот се намали на -1 (18:19) во 42.та минута. Брзо Вардар се врати на + 4 (22:18) во 45.минута пред се со головите на Бразилецот Дутра, а тандемот Јовиќ-Шундовски по оваа предност за првпат во игра во внесе Марио Танкоски, а во 48.минута Вардар повторно имаше + 5 (24:19). По двата гола на битолчани во 51.минута тренерот на Вардар, Владо Недовски побара тајм аут. За драмата во финишот се погрижи Пелистер, кој со головите на Танкоски и Суси намали на 23:24 во 53.минута. По головите на Талески и Дутра и двете одбрани на Борко Ристовски, Вардар дојде на + 3 (26:23) во 56.минута. По грешката на Дутра, Павле Атанасијевиќ намали на 26:24. На 80 секунди до крајот Цветан Кузманоски постигна гол за – 1 (25:26). Во последната минута двете екипи не постигнаа гол и дуелот заврши – 26:25.

Најефикасни кај Вардар беа Дутра и Моралес со по 7 голови, а Талески постигна 6 голови, кај Пелистер Хосни И Суси постигнаа по 5 голови.

Вардар натпреварот го одигра без повредениот Дејан Манасков, кој поради повреда беше на клупата.

За најдобар голман е прогласен Борко Ристовски (7 одбрани), најдобар стрелец е Дејан Манасков (во полуфинале со Алкалоид постигна 12 гола), а МВП на турнирот е Дутра од Вардар.