Ракометарите на Вардар го одбранија трофејот во Купот на Македонија откако во финалето во Охрид го совладаа Еурофарм Пелистер со 26:25, во натпревар во кој „вардарци“ водеа во текот на целиот дуел.
Одигравме добар натпревар без технички грешки и не ги повторивме грешките од дуелот во Битола минатата сабота. Повеќе ја посакувавме победа, а со таква желба не беше тешко да се стигне до трофејот. И покрај сите проблеми што ги имаме сезонава поажавме дека сме најдобриот тим во Македонија, изјави по финалето тренерот на Вардар, Владо Недановски.
Вардар го одбрани пехарот во Купот на Македонија, а до крајот на првенството остануваат да се одиграат уште две кола, каде Е.Пелистер е на чекор до освојување на титулата прва по 2005 година.